Интегрирани услуги за одржување
Гледај, чувствувај и живеј чисто секој работен ден
Екомагија е специјализирана компанија за професионални интегрирани услуги за одржување и хигиена во деловни објекти.
Интегрирани услуги за одржување
Едно решение за се. Целосно внатрешно и надворешно одржување за бизнисот во еден месечен паушал.
Повеќе од услуга. Професионални решенија што ги поддржуваат модерните бизниси.
Тековно чистење и одржување
Редовно чистење и одржување на деловни простории за секојдневно безбедна работна средина.
Генерално и хемиско чистење
Еднократно генерално и хемиско чистење што го враќа просторот во првобитна состојба.
Специјализирани услуги
Темелно и специјализирано чистење за специфични потреби и тешко достапни површини.
Техничко одржување и занаетчиски услуги
Брза и професионална техничка поддршка за секојдневно непречено функционирање.
Уредување и одржување на паркови и зеленило
Уредување и одржување на надворешни површини за здрава и пријатна околина.
Нов стандард за професионално одржување.
Одржувањето како искуство, не само услуга
Нашата услуга ниту започнува, ниту завршува со чистење и одржување. Таа е целосно искуство – од првиот контакт, преку јасна комуникација и транспарентна понуда, до реализација и континуирана контрола.
Прв впечаток што работи за твојот бизнис
Луѓето формираат прв впечаток за само 7 секунди по влегувањето во нов простор.
Конзистентнo одржување – секој ден
Одржувањето се врши по единствена процедура за секој објект, под директна координација и одговорност на компанијата.
Квалитет што не варира – денес, утре и долгорочно
Работата ја следиме секојдневно и корегираме веднаш штом нешто не ги задоволува нашите строго контролирани критериуми за чистење.
Од првиот повик до одржуван објект.
Ни кажуваш што му треба на просторот.
Форма за понуда или телефонски повик: тип на објект, квадратура и замислена динамика за чистење, техничко одржување и друго што го имаш предвид.
Ги проценуваме реалните услови.
Тип на објект, подови, површини, прозори, мебел, техничка спецификација и опрема, паркови и зеленило, достапност и работното време што објектот го дозволува.
Индивидуален пакет на услуги, договорени заедно.
За секој објект создаваме единствен индивидуален пакет на интегрирани услуги за одржување и хигиена, прилагодени за твоите потреби.
Тимот започнува, ние остануваме одговорни.
Нашиот тим ја спроведува изведбата под директна супервизија и координација на нашите супервизори, на база на детална чек-листа со договорените ставки.
Разликата што се гледа.
Зелени точки. Вистински клиенти. Докажани резултати.
Бизнис центри, шопинг молови, деловни центри, канцеларии, производствени хали и магацини низ целата држава.
„“Само да искажам огромна благодарност за целокупната работна акција која ја спроведовте во петокот и саботата до целиот ваш тим, прекрасната комуникација, ажурност и соработливост од секој вработен во вашата компанија поединечно. Беше задоволство да се работи со вас, и верувам дека ова е само еден почеток на понатамошна успешна соработка.” “
„“Пристапот на Еко-Магија кон нас како нивни клиенти и фирма која ја ангажираме за нашите потреби би сакал да го опишам на кратко но, не знам дали ќе успеам. Почнувајќи од начинот на комуникација со било кој од вработените, дали менаџментот, директорот или било кој од оваа фирма е на највисоко, професионално ниво. Никогаш немаат задоцнето на договорен состанок, работна задача и слично. ” “
„“Неодамна започнавме со соработка со Екомагија. Една од првите работи што ни предложија беше чистење на прозорците во нашиот објект и не можевме да бидеме позадоволни од резултатите! Тимот беше точен, професионален и многу темелен. Нашите прозорци никогаш не изгледале толку чисти! Персоналот беше љубезен и ефикасен, ја заврши работата брзо, без да го наруши нашиот работен процес. Ако барате сигурна услуга за чистење прозорци, топло ја препорачуваме Екомагија.”“
Од терен.
Хигиената како дел од професионалниот имиџ на компанијата
Кога се зборува за професионалниот имиџ на една компанија, најчесто се размислува за визуелниот идентитет, комуникацијата со клиентите, квалитетот на услугите и начинот на кој се претставува брендот.
Зошто првите 7 секунди во просторот одлучуваат
Луѓето формираат прв впечаток за просторот за само 7 секунди по влегувањето.
Фактори што одредуваат колку често треба да се чисти еден деловен простор
Не постои едно правило кое одредува колку често треба да се чисти секој деловен простор.