Сите услуги имаат една цел.
Да создадат простор во кој луѓето можат да работат подобро, побезбедно и попродуктивно.
Тековно чистење и одржување
Вршиме професионално тековно чистење на канцеларии и деловни објекти, прецизно и со внимание на добар домаќин за да обезбедиме постојано високо ниво на квалитет. Професионалното тековно чистење зависи од потребите на клиентот и услугите можат да бидат секојдневни, неделни или месечни.
Вообичаено тука е вклучено чистење стакла и излози, лесно или тешко достапни, секаков вид на подови и мебел. Се однесува на трговски и бизнис центри и продажни салони, банки и финансиски институции, индустриски капацитети, големи и мали продавници, хипер и супер маркети, фабрики, погони, ординации, кујни, производствени погони, хотели, мотели и туристички капацитети, амбасади и резиденции, казина, обложувалници и други.
Генерално и хемиско чистење
Вршиме професионална услуга за хемиско, машинско и генерално еднократно чистење на деловни објекти, согласно индивидуалните потреби на клиентите. Нашата цел и ветување е да го вратиме вашиот деловен простор и канцеларија во првобитна состојба. Не само што е наше ветување, но ние гарантираме 100% освежување и задоволство.
Вообичаено тука е вклучено постградежно чистење, машинско чистење и полирање на секаков вид подови, чистење гаражи, паркинзи, подруми, магацини, фасади, олуци и покриви, настрешници, тенди и генерално надворешно перење на објекти, спортски центри/сали, рафинерии, бензински пумпи и гасни станици.
Специјализирани услуги
Вршиме специфични, несекојдневни специјализирани услуги со цел исполнување на очекувањата на нашите клиенти и секако согласно индивидуалните потреби.
Вообичаено тука е вклучено работа на висина, работа со дронови или роботи, чистење соларни/фотоволтаични плантажи, чистење после поплави и пожари или силни загадувања, дезинфекција, дератизација и дезинсекција, перење на венецијанер, вариолајт, зебра, роло завеси, перење на теписони, перење под висок притисок водено перење и друго.
Техничко одржување и занаетчиски услуги
Вршиме разни хаусмајсторски услуги кои спаѓаат во рамки на одржувањето на деловни објекти.
Вообичаено тука е вклучено техничко одржување и занаетчиски услуги кои ние ги извршуваме или самостојно или во соработка со наши докажани партнери, а истото вклучува одржување на електрични инсталации, водоводни и канализациони системи, молеро-фарбарски услуги и завршни работи, столарски услуги и оков, одржување на системи за греење или ладење, браварија (врати, брави, кваки и друго), одржување и поправка на опрема и алати (светлечки, грејни тела итн), оџачарски услуги и друго техничко одржување.
Уредување и одржување на паркови и зеленило
Едно решение за се, односно целосно внатрешно и надворешно одржување за бизнисот вклучува и хортикултурно уредување во паркови и дворови на деловни објекти.
Уредување и одржување на тревни и зелени површини, инсталација на системи за наводнување, косење трева, кастрење ограда и друго одржување надворешни површини, јавни објекти и паркови.
Побарај понуда во неколку чекори.
Избери услуга или пакет на интегрирани услуги едноставно и лесно.