fbpx

Секој сака чист и уреден дом.

Хигиената  не е важна само за вашиот дом, тој е основен фактор за да се чувствувате опуштено и сигурно.

Како што вели поговорката, „уредна куќа уреден ум“.

Хигиената во домот е исклучително важна за здравјето, а самиот чин на чистење е одлична вежба која може да ве одржи здрави и активни.

Сепак, професионалното чистење на вашиот дом, дефинитивно ќе ви даде чувство на задоволство, знаејќи дека професионално обучени лица, внимателно ќе се грижат за чистотата на вашите домашни премети.

Доколку немате доволно време и опрема за одржувањето на хигиената во вашиот дом, едноставно треба да им верувате на професионалци во својата работа, кои сигурно ќе ја завршат работата за вашиот дом да биде чист и уреден.

Сепак, тимот на Екомагија состави неколку клучни совети за тоа како правилно самите да го исчистите домот како врвен професионалец.

Како да го извршите чистењето?

Чистењето треба да се изврши на ефективен начин, во спротивно ќе предизвикате поголема и потешка работа за себе.

Кога сте решиле да направите генерално чистење, погрижете се  да имате доволно поддршка од другите членови на семејството, за да можете да ја поделите работата и да ја завршите побрзо.

Направете список со задачи и следете го.

Ова е првиот дел од организирањето на чистењето, каде ќе земете во предвид кои се деловите од вашиот дом кои што ќе треба темелно да бидат исчистени.

Наведете ги сите детали за да бидете сигурни дека имате се опфатено.

Направете го планот за секоја соба и поделете ја работата.

Алати и опрема за чистење

Треба да имате и користите правилна опрема за чистење, која треба да биде иста или барем слична како онаа што ние професионалците ја користиме.

Основни артикли, од кои зависи темелното чистење, ги вклучува: професионална правосмукалка, метла, четка за чистење, професионални крпи за чистење, заштитни ракавици и секако професионални средства кои ќе бидат безбедни за вашиот дом и околина.

Сепак, опремата и алатот за чистење треба да се користат правилно за да се постигне саканиот ефект.

 

Екомагија

Еколошки
Економични
Еко-friendly

Следи не на

Контакти

Адреса:Бул. Партизански Одреди бр. 7 локал 1, Центар, Скопје

© Екомагија 2019. Трговскиот бренд "ekomagija.mk" е во сопственост на друштво за производство, трговија и услуги ЕКОМАГИЈА ДОО Скопје.
Работењето на ЕКОМАГИЈА ДОО е регулирано согласно „Законот за трговските друштва“ и е одобрено од страна на институциите на Република Македонија.