fbpx

За нас

Кои сме ние

      Екомагија е специјализирана компанија за професионално чистење и одржување на хигиена, комплетно посветена на задоволството на клиентите. Компанијата врши услуги за чистење на канцеларии и деловни објекти, генерално чистење на нови деловни и канцелариски објекти како и одржување на хигиена во влезови во згради. Хигиенските средства кои ги користиме во процесот на чистење и одржувањето на хигиената, ни даваат можност да бидеме сигурни дека вашите простории ќе бидат кристално чисти а нашата околина комплетно заштитена. Дозволете му на нашиот тим да се справи со најтешките работи за чистење со вистинско знаење и хигиенски средства кои се внимателно одбрани и користени од нашите вработени.

Нашите вредности и гаранција

        Професионалниот тим на хигиеничари во Екомагија умее да ги задоволи и највисоките очекувања на нашите клиенти. За да го гарантираме највисокиот стандард во услугите на одржувањето на хигиената и чистењето, користиме програм за контрола на квалитет кој вклучува високо развиена процедура и план за чистење на секој посебен објект кој секогаш е почитуван и користен од тимот на екомагија. Нашата работа ја пратиме секојдневно и доколку нешто не ги задоволува нашите строго контролирани критериуми за чистење, одма ќе се исправиме. И за крај, ние ја сакаме и охрабруваме комуникацијата со нашите клиенти и нивниот допринос кон тоа како да го зголемиме нивото на нашата услуга.

Закажи чистење

Се што треба да направите е да се јавите на нашиот контакт број, да закажете бесплатно прво чистење и да се уверите во квалитетот кој го нудиме.

Доколку не сте во можност да ни се јавите на телефонскиот број, тогаш можете да не контактирате на емаил: info@ekomagija.mk, по што ние ќе ви одговориме во најкус можен рок, не подоцна од 24 часа.