Професионално тековно чистење канцеларии
Екомагија врши професионално тековно чистење на канцеларии и деловни објекти.
Професионалното тековно чистење се врши прецизно и со внимание на добар домаќин за да се обезбеди постојано високо ниво на квалитет.
Одржувањето на хигиената, односно тековното чистење, се врши од страна на стручно обучен хигиенски персонал со докажана способност и чесност под директна координација и одговорност на нашата компанија.
Нашата компанија ги користи најдобрите хигиенски практики и протоколи во индустријата за чистење и одржување на хигиена.
Професионалното тековно чистење зависи од потребите на клиентот и услугите можат да бидат секојдневни, неделни или месечни.
Ние ги обезбедуваме сите потребни сертифицирани хигиенски средства, алатки и опрема за професионално чистење.
Екомагија нуди услуги за професионално тековно чистење на:
- Канцеларии
- Ресторани
- Спортски сали
- Дизајн студија
- Медицински згради
- Лесна индустрија
- Владини објекти
- Банки
- Фризерски салони
- Спа центри