Знаеме дека никој не ужива во чистењето на своите домови.

Според одредени истражувања, за одржување на хигиената во нашите домови потребни ни се 40 минути на ден.

Професионалниот тим на Екомагија ќе сподели неколку едноставни трикови кои ќе ви го олеснат секојдневното чистење.

Станува збор за продукти кои сите ги имаме во нашите домови а кои многу лесно и практично можеме да ги искористиме:

  1. Пена за бричење

Нанесете малку пена за бричење на огледалото, а потоа избришете со крпа. Пената за бричење ги отстранува сите дамки од огледалото, истовремено спречува огледалото да се замаглува кога се туширате.

Трикот е во тоа што пената остава тенок заштитен слој на огледалото, што пак спречува замаглување.

  1. Гумени ракавици

Ако имате домашно милениче, тогаш со сигурност знаете дека влакната од миленичињата на тепихот и мебелот  се вистинска неволја.

Сепак, можете да се ослободите од нив со тоа што ќе ставите гумени ракавици за чистење, а потоа едноставно со нив ќе поминете над површината од која сакате да ги отстраните влакната.

3.Сода бикарбона

Посипете сода бикарбона на душекот и оставете да отстои неколку часа. Потоа, поминете го душекот со правосмукалка. Содата ќе ги отстрани мирисите од душекот со балансирање на нивото на РH материјалот што предизвикува ширење на пријатен мирис. Најдобро од сè, не мора да го придвижувате душекот за да го исчистите.

  1. Лимон

Во сад истурете течност која се состои 1/3 свежо исцеден лимон и 2/3 вода. Ставете го да се вари 5 минути. Потоа оставете ја течноста да се олади. Тргнете го садот и избришете ја печката со сува крпа.

  1. Стара четка

Старата четка за заби искористете ја за чистење на цвеќињата во домот. Исчистете ги ливчињата од природните или вештачките цвеќиња кои ги чувате во домот со нежно четкање.

Се разбира дека повремено треба да ја чистите четката од насобраната прашина.

Add Your Comment

Екомагија

Еколошки
Економични
Еко-friendly

Следи не на

Контакти

Адреса:Бул. Партизански Одреди бр. 7 локал 1, Центар, Скопје

© Екомагија 2019. Трговскиот бренд "ekomagija.mk" е во сопственост на друштво за производство, трговија и услуги ЕКОМАГИЈА ДОО Скопје.
Работењето на ЕКОМАГИЈА ДОО е регулирано согласно „Законот за трговските друштва“ и е одобрено од страна на институциите на Република Македонија.