Кога станува збор за работниот ден, ќе ви биде потребна целосна помош и асистенција од професионална компанија за одржување на хигиена.
Работните часови поминати во вашата канцеларија мора секогаш да ви бидат пријатни, а најважано Вашата канцеларија да биде секогаш чиста и уредена.
Тимот на Екомагија Ви открива неколку трикови кои ги користиме при секојденвното одржување на хигиената во деловните простории и канцеларии:
1. При чистење на телефонските апарати, компјутери и други електронски апарати ние користиме раствор од 70% алкохол и вода.

2. За бришење на копчињата на тастатурата секогаш користиме магична крпа која овозможува брзо и едноставно отстранување на сета прашина.

3. За чистење на канцелариските елементи од дрво, како работните маси или пак полиците за книги користиме спреј наменет за отстранување на прашина и дамки.

4. Доколку во вашата канцеларија има цвеќиња и растенија, ние редовно ги пребришуваме со влажна чиста крпа.

5. При отстранување на дамките од канцелариски мебел како канцелариски стол или гарнитура користиме сапун за садови и водород пероксид.

