fbpx

Со пристигнувањето на пролетта, одлично време е да го разубавите вашиот деловен простор, зар не?

Нудејќи сè, од професионално тековно чистење, генерално чистење, дезинфицирање на просториите, нашиот тим знае како да ги спреми и освежи вашите канцеларии за оваа пролет.
За да ви помогнеме, составивме неколку основни чекори за пролетно чистење за вашата канцеларија или деловен простор. Време е да ги засукате ракавите!

1. Чистење на теписони

Зимата може сериозно да ги оштети теписоните во вашата канцеларија. Навлажнетите и калливи чевли и нечистотиите од надвор навлегуваат длабоко во теписите на вашата канцеларија, оставајќи ги да изгледаат валкано. Тоа го прави професионалното чистење на теписоните суштински чекор во пролетното чистење на деловните простори.

Инвестирајте во професионално машинско чистење на вашите теписони. Постојат голем број машини за чистење достапни за изнајмување, или зошто да не дозволите тимот на Екомагија да се погрижи околу тоа за вас?

2. Разместете

Колку често чистите зад полиците или добро бришете прашина на високо достапните места? Генералното пролетно чистење е одлично време за освојување на оние скриени, запоставени и заборавени места во вашиот деловен простор. Погрижете се да го преместите секое парче мебел и опрема за да се осигурате дека секој агол нема прашина и нечистотија.

3. Осветлете го просторот

Како што деновите стануваат подолги и завршуваат тие темни, мрачни утра и вечери, ќе сакате да го искористите максимумот од продолжената дневна светлина во вашата канцеларија. Во текот на зимата, снегот, лапавицата и дождот може да ги извалкаат прозорите. Доброто чистење на нивната надворешност и внатрешност ќе направи голема разлика на вашето работно место, разубавувајќи и осветлувајќи го дополнително.

4. Намалете го нередот

Празничниот период може да биде неверојатно бурно време, без оглед на вашата дејност. Ова значи дека, кога ќе дојде Новата година, може да се насобере секаков вид неред. Одвојте го ова време за да ја средите вашата канцеларија, рециклирајте и отстранете ги непотребните хартии и предмети за вашето работно место да биде попространо, попрофесионално и помалку стресно за работа.

Доколку е потребно, инвестирајте во подобри простори за складирање или нов организациски систем за да го одржите вашиот простор без неред.

Ангажирањето на професионалниот тим на Екомагија за грижа за вашата канцеларија е инвестиција погодна за вашата компанија, вработени, и вас самите.
Екомагија е компанија која работи во дејноста на чистење и одржување на хигиена, комплетно посветена на задоволството на клиентите.
Дозволете му на нашиот тим да се справи со најтешките работи за чистење со вистинско знаење и хигиенски средства кои се внимателно одбрани и користени од нашите вработени.

Контактирајте не на следниот линк.