fbpx

Во помалите канцеларии, не е невообичаено да се најде листа за проверка на кoja вработените ги споделуваат должностите. Чистење со џогер наоколу, бришење прашина од бирото…

Сепак, да бидеме искрени, чистењето не е она што вашиот тим е таму да го работи. Дури и со најдобрата намера во светот некои од работите се пропуштаат.

Има многу места во канцеларијата што секој често заборава да ги исчисти – а неколку за кои сите се надеваат дека едноставно ќе исчезнат ако ги игнорираат. Еве некои од најверојатните места во канцеларијата кои можат да се најдат неисчистени.


Под и зад кантите за ѓубре

Канцелариските канти брзо се полнат, но покрај тоа се чистат неколку пати неделно, не им се посветува многу внимание. Следниот пат кога ќе фрлите кесичка чај или кора од банана, погледнете го ѕидот зад кантата. И ако се чувствувате храбри, подот под него.


Противпожарниот апарат

Овие спасувачи на живот треба да се проверуваат и сервисираат еднаш годишно, а да се пребришуваат од прашина секоја недела.

Прашливиот апарат за гаснење пожар веројатно ќе работи подеднакво добро како и чистиот во итен случај, но нема да направи добро за изгледот на вашата канцеларија – така што наместо да ги заобиколувате, можете да ги избришете вашите противпожарни апарати.


Копчиња и прекинувачи за светло

Прекинувачите за светло и копчињата во лифтовите или копирите се вообичаена глетка во многу канцеларии. Нечистотијата на нив содржи вознемирувачки број на бактерии. Малите детали можат да направат големи разлики. Вработените се во директен контакт со копчињата на копирите, лифтовите и прекинувачите за светла во вашата канцеларија. Уверувањето дека се чисти, додава позитивно и безбедно искуство за вработените. И не заборавајте да ја исчистите прашината од горната страна на прекинувачите за светло!


Ролетни

Тие можат да бидат вистински кошмар за чистење! Секој чистач има различни совети како да ги исчистите канцелариските ролетни, во зависност од видот на ролетните и нивната опрема. Единствено важно е редовно да се бришат за да се избегне уште повеќе работа подоцна.

Ако забележувате дека ролетните во вашата канцеларија се прашливи, знајте дека тоа може да доведе до лепливост, што бара многу подлабоко чистење на долг рок.


Зад и под канцеларискиот мебел

Дел од причината зошто канцелариските компјутери собираат толку многу прашина е затоа што тие се чуваат под бирото, а не врз нив. Околу канцеларискиот мебел протокот на воздух е ограничен и честичките полесно се таложат.

Важно е да се обрне внимание на областите зад и под бирото, шкафовите, фиоките и канцелариските машини. Овие поголеми предмети ретко се поместуваат, што може да формира таложење на многу прашина со текот на времето. Целата таа прашина може да биде лоша за квалитетот на воздухот и за вашата канцелариска опрема.

Ангажирањето на професионалниот тим на ЕкоМагија за грижа за вашата канцеларија е инвестиција погодна за вашата компанија, вработени, и вас самите. ЕкоМагија е компанија која работи во дејноста на чистење и одржување на хигиена, комплетно посветена на задоволството на клиентите, односно вашите простории да бидат кристално чисти и комплетно безбедни. Дозволете му на нашиот тим да се справи со најтешките работи за чистење со вистинско знаење и хигиенски средства кои се внимателно одбрани и користени од нашите вработени. Контактирајте не на следниот линк.

Add Your Comment

Екомагија

Еколошки
Економични
Еко-friendly

Следи не на

Контакти

Адреса:Бул. Партизански Одреди бр. 7 локал 1, Центар, Скопје

© Екомагија 2019. Трговскиот бренд "ekomagija.mk" е во сопственост на друштво за производство, трговија и услуги ЕКОМАГИЈА ДОО Скопје.
Работењето на ЕКОМАГИЈА ДОО е регулирано согласно „Законот за трговските друштва“ и е одобрено од страна на институциите на Република Македонија.