fbpx

Сезоната на празници е пред нас!

Следните неколку недели ќе бидат исполнети со  работни состаноци, забави но и одмор. Сите овие активности може да придонесат Вашите деловни простории да изгледаат запоставено, а тоа да влијае на расположението на вработените, бидејќи општо познато е дека чистата работна просторија придонесува сè да изгледа подобро, вклучително дури и новогодишните украси.

Самата канцеларија ќе се чини посреќна, а сите вработени со исполнет празничен дух и ведро расположение.

Професионалиот тим на Екомагија одговорен за професионално одржување на хигиена во деловни простории, состави неколу совети кои ќе ви помогнат Вашата канцеларија да биде чиста и уредна за време на празниците, но секако и по нив:

  1. Охрабрете го персоналот да среди дел од работните места пред да замине на новогодишните прослави.
  2. Ослободете се од оние купови хартија наредени на масите и околу работните места.
  3. Чувајте ги украсите уредно. Декорациите се многу помалку забавни кога треба да се отстранат отколку кога се поставуваат.
  4. Изберете украси кои нема да остават многу остатоци како сјај или честички од снег.
  5. Доколку организирате Новогодишна забава и сакате се да изгледа совршено чисто, закажете генерално чистење кое треба да опфати чистење на прозорците, подни површини, кујнските елементи, санитарни простории, рамки на слики, но и сите канцелариски бироа и елементи.
  6. На крајот, уживајте во новогoдишните празници кои се пред нас, и знајте дека Екомагија е тука да ги исполни сите потреби за професинално чистење на деловни простории.