fbpx

Кога донесуваат одлуки во врска со тоа која компанија да биде задолжена за чистотата на нивната канцеларија и деловен простор, повеќето клиенти ја ценат пристапноста и осигурувањето на квалитетот на компаниите. Всушност, 80% од клиентите велат дека лесно би одбрале компанија за чистење со погодни и флексибилни услуги.

Еден од најлесните и примамливи начини која им нуди на клиентите пристапност е онлајн закажувањето. Со онлајн систем за закажување услуги, клиентите имаат олеснителна околност околу обезбедување на врвна чистота и брза услуга за своите деловни објекти. Тие можат да изберат достапно време кое најдобро функционира за нив.

За компаниите, ова значи помалку административна работа и помалку време поминато на телефон со цел закажување на услуги. Онлајн закажувањето на услуги за чистење може да ги зголеми барањата за услугите на компанијата и притоа да ослободи време на персоналот да може повеќе да се посвети на поквалитетна услуга за клиентот.

Во продолжение на овој текст ќе ја илустрираме статистиката која покажува како клиентите го користат онлајн закажувањето и зошто тоа денес станува важна алатка за закажување на комерцијални услуги за чистење:

  • Околу 1 од 5 клиенти велат дека чекањето телефонски да закажат во тек на работното време на компанијата е макотрпно и понекогаш не стигнуваат тоа да го остварат на време;
  • Само половина од клиентите кои се јавуваат за термин можат да резервираат телефонски при првиот обид;
  • 32% од клиентите претпочитаат онлајн резервација;
  • 68% од клиентите велат дека е поголема веројатноста да изберат компании кои нудат можност за онлајн резервирање, менување или откажување на услуги;
  • Кај компании кои нудат онлајн закажување, повеќето закажани термини се помеѓу 5 и 8 дена од моментот на резервација;
  • 35% од закажаните услуги се закажуваат надвор од нормалното работно време;
  • 2 од 5 компании велат дека онлајн закажувањето на услуги е најважно за успешен бизнис.