fbpx

Чистата и организирана канцеларија е идеална за зголемување на продуктивноста и создавање здрава работна средина. За да извлечете максимум од новиот тим за професионално чистење, важно е добро да се подготвите. На тимот за чистење треба да му се даде до знаење што точно сакате и притоа да создадете простор кој е лесен за работа, кој ќе им ја олесни работата и, за возврат, ќе ви даде супериорни резултати.

Еве како можете да започнете.

  1. Споделете ги вашите цели и очекувања

Пред првиот закажан термин за чистење, разговарајте со компанијата за тоа што очекувате. Посочете ги примарните области што треба да се исчистат и на кои тимот треба да се фокусира, како што се влезовите, заедничките простории и бањите, како и оние што не се неопходни- индивидуалните канцеларии или просториите каде што се чуваат важни документи. Зборувајте јасно и објаснете ги вашите цели, како што е импресионирањето на нови клиенти. Ова ќе и помогне на компанијата за чистење да создаде фокусиран и прецизен план што ги исполнува сите ваши очекувања.

  1. Расчистете ја канцеларијата

Тимовите од компаниите за чистење имаат пристап со почит кон работата што ја вршат. Ако бироата се преполни со документи и папки, тие нема да ги допираат за да се осигураат дека ништо не е изгубено или оштетено. За да се осигурате дека вашите очекувања за чистотата на деловниот простор се исполнети, расчистете се` пред пристигнувањето на професионалниот тим за чистење. Преместете ги важните документи и работни материјали во одредена област/просторија и организирајте ги предметите, така што тимот за чистење може да работи без пречки. Ако некој неред, како на пример материјали за заеднички проект, треба да остане и не може да се премести, погрижете се да му напоменете на тимот за чистење да го заобиколи.

  1. Дадете повратни информации

Откако тимот за професионално чистење ќе заврши со својата работа, дајте свои коментари и критики. Објаснете што ви се допаднало во нивната работа, како и области на кои им треба подобрување. Бидете конструктивни, јасни и детални. Направете проверка на вашата канцеларија и посочете ги местата кои што би сакале потемелно да се исчистат или местата што можеби се пропуштени.

Ангажирањето на професионалниот тим на Екомагија за грижа за вашата канцеларија е инвестиција погодна за вашата компанија, вработени, и вас самите. Екомагија е компанија која работи во дејноста на чистење и одржување на хигиена, комплетно посветена на задоволството на клиентите, односно вашите простории да бидат кристално чисти и комплетно безбедни. Дозволете му на нашиот тим да се справи со најтешките работи за чистење со вистинско знаење и хигиенски средства кои се внимателно одбрани и користени од нашите вработени. Контактирајте не на следниот линк.