fbpx

Ние во ЕкоМагија ја разбираме важноста на чистата канцеларија и нашиот професионален тим за чистење е секогаш тука за да овозможи секој да може да го започне својот ден на чисто работно место.

Покрај ангажирањето професионален тим, постојат неколку брзи и лесни начини да се осигурате дека секојдневно се одржува чистотата на канцеларијата.

    1. Поттикнувајте редовно миење на рацете

Oколу 80% од заразните болести се пренесуваат преку допир. Важно е секој во вашата канцеларија да ја разбере важноста на редовното миење на рацете бидејќи ова е чест начин на пренесување на бактерии низ канцеларијата. Ако е можно, обезбедете диспензер за сапун кој работи на сензор со цел да се подобри целокупната хигиена во канцеларијата.

    1. Имајте на располагање марамчиња за дезинфекција

Марамчињата за дезинфекција се многу корисни за одржување на канцеларијата чиста и свежа. Тие се лесен начин за дезинфекција на работниот простор и можат да помогнат да се спречи дополнителното ширење на бактериите.

    1. Расчистете го вашето работно биро

Одржувањето чиста и уредна канцеларија е важно за здравјето на сите, а истовремено ја подобрува и продуктивноста. Ако персоналот работи во уредна и чиста средина, најверојатно ќе работи поефикасно. Затоа, осигурајте се дека секој го одржува своето биро чисто без пренатрупан неред. Ова исто така ќе помогне да се избегне создавање прашина и бактерии на работните површини.

    1. Празнете ги кантите секој ден

Ова е особено важно ако во кантите се фрла и храна, ако не се празнат редовно ќе шират бактерии и непријатни мириси. Обидете се да го додадете празнењето на кантите во секојдневната канцелариска рутина и ќе почнете да ја забележувате разликата што се прави на работното место.

    1. Не јадете на биро

Понекогаш не е погодно да јадете подалеку од вашето работно биро. Со поттикнување на персоналот својата пауза за ручек да ја користат на друго место, тие ќе бидат попродуктивни, а исто така и ќе допринесат кон почиста канцеларија. Се смета дека тастатурата може да има повеќе бактерии отколку тоалетната шолја и тоа делумно се должи на храната заглавена помеѓу копчињата. Ако забележите дека дел од персоналот сеуште јаде на своето биро, не заборавајте да ги потсетите на марамчињата за дезинфекција, за да можат барем да го исчистат своето работно место по оброкот.

Овие топ 5 совети се мали промени што лесно може да ги спроведете во вашата канцеларија, а истите ќе направат голема разлика во работната средина.

Ангажирањето на професионалниот тим на ЕкоМагија за грижа за вашата канцеларија е инвестиција погодна за вашата компанија, вработени, и вас самите. ЕкоМагија е компанија која работи во дејноста на чистење и одржување на хигиена, комплетно посветена на задоволството на клиентите, односно вашите простории да бидат кристално чисти и комплетно безбедни. Дозволете му на нашиот тим да се справи со најтешките работи за чистење со вистинско знаење и хигиенски средства кои се внимателно одбрани и користени од нашите вработени. Контактирајте не на следниот линк.

Add Your Comment

Екомагија

Еколошки
Економични
Еко-friendly

Следи не на

Контакти

Адреса:Бул. Партизански Одреди бр. 7 локал 1, Центар, Скопје

© Екомагија 2019. Трговскиот бренд "ekomagija.mk" е во сопственост на друштво за производство, трговија и услуги ЕКОМАГИЈА ДОО Скопје.
Работењето на ЕКОМАГИЈА ДОО е регулирано согласно „Законот за трговските друштва“ и е одобрено од страна на институциите на Република Македонија.